Дома Фудбал Се спремаат големи промени во УЕФА: Натпреварите од Лигата на шампионите наскоро на Нетфликс?

Се спремаат големи промени во УЕФА: Натпреварите од Лигата на шампионите наскоро на Нетфликс?

Големи промени се на повидок во УЕФА. Некои медиуми објавуваат дека организацијата има намера да изврши одредени измени во правилата за тендерите за продажба на ТВ и стриминг правата, што би можело да овозможи во блиска иднина Лигата на шампионите да ја гледаме и на платформи како Нетфликс.

Блумберг информира дека станува збор за преработка на правилата на начин што, покрај традиционалните ТВ куќи, можност за пренос на натпреварите од Лигата на шампионите ќе добијат и глобални компании како Нетфликс и Амазон.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Дополнително, една од значајните промени ќе биде можноста повеќе компании да се борат за исти територии или една компанија да добие ексклузивни права за повеќе региони, па дури и на глобално ниво, нешто што досегашниот систем не го дозволуваше.

Со оглед на тоа што досега правата за пренос на натпреварите од ЛШ беа доделувани за период од три години, УЕФА размислува за продолжување на роковите во договорите.

Се очекува новиот тендер за ТВ и дигитални права кој ќе стапи на сила од 2027 година да биде осмислен во наредните неколку седмици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА може да направи револуција во преносите: Лига на шампиони ќе гледаме на Нетфликс?!

Според извештајите, УЕФА е подготвена да направи значителна промена во емитувањето, што мо…