Дома Фудбал „Марка“: Винисиус се препороди благодарение на Модриќ

„Марка“: Винисиус се препороди благодарение на Модриќ

Винисиус Жуниор беше во почетниот состав против Леванте, среде дебатите што се отворија по неговото незадоволство од новата замена против Еспањол и впечатокот дека кај Чаби Алонсо губи на важност.

Тренерот не сакаше дополнително да ги поттикнува дискусиите и повторно му даде место во првите 11 против Леванте. А број 7 на Реал Мадрид не ја пропушти можноста да го одбрани својот статус на незаменлив играч, пишува Марка, па продолжува со анализа во текстот под наслов “Винисиус се роди повторно благодарение на Модриќ”.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Бразилецот повторно заблеска на својот среќен стадион. Сиутат де Валенсиа беше тревникот на кој во август 2021 година практично порасна во ѕвезда, а сега се врати на него во голем стил по тежок почеток на сезоната. Неговото вистинско мало ремек-дело, ударот со надворешниот дел на стапалото кој го изненади Рајан, на Мадрид му донесе водство.

Подоцна ја зеде одбиената топка на својата половина и започна контра напад во кој асистираше на Мастантуано за првиот гол на Аргентинецот во дресот на Реал и резултат 0:2. Винисиус создаваше проблеми по целото поле и ја одигра својата најдобра утакмица оваа сезона.

„Тешко е да се игра на овој стадион, но јас секогаш тука блескам, секогаш можам да постигнам голови. Победите ни даваат самодоверба и се важни за освојување на трофеите”, кажа по натпреварот за клупските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона не планира да доведе замена за Гави

Порано оваа недела Барселона потврди дека Гави ќе биде надвор од терените во следните 4-5 …