
Енцо Мареска одржа огнен говор на полувремето што го промени текот на натпреварот. Тренерот на Челси не ги штедеше зборовите и сериозно ги праша своите играчи зошто им недостига желба. Неговото обраќање го разбуди тимот кој во второто полувреме го победи Линколн Сити.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Челси гостуваше на екипата на Линколн Сити во рамките на Карабао Купот. Домаќините на полувремето отидоа со водство од 1:0 благодарение на голот на Роб Стрит.
Во првите 45 минути лондонскиот тим изгледаше безживотно и без доволно борбеност.
Мареска пред натпреварот ги праша секој играч дали некогаш играл против екипа од Лига Еден.
“Очекувавме долги топки, дуели, центар-шутови, слободни удари, секогаш во шеснаесетникот”, рече Мареска.
“Денес ги прашав колкумина играле против тим од Лига Еден, затоа што мора да одиграте поинаков натпревар. Тоа не е иста игра, затоа што нивната желба е двојно поголема. Во првото полувреме се боревме. Во вториот дел бевме многу подобри.”
На прашањето дали покажа лутина на полувремето, Мареска беше јасен: “Апсолутно, апсолутно, апсолутно.”