
Легендарниот играч од средниот ред, Френки де Јонг, ќе го продолжи својот договор со Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Преговорите меѓу клубот од Каталонија и претставниците на играчот напредуваат добро и наскоро се очекува нивно финализирање.
Барселона му понуди нов тригодишен договор, важен до 2029 година, при што ќе има намалување на платата од следната сезона, но, сепак, играчот е задоволен од условите според извештајот на “Мундо Депортиво”. Неговиот сегашен договор со клубот е валиден до крајот на јуни 2026 година.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Раководството на Барселона и главниот тренер Ханси Флик го гледаат 28-годишниот Де Јонг како важен дел од проектот на клубот, а позитивниот развој на преговорите го потврди и претседателот на клубот Лапорта.
– Работиме на продолжување на договорот со Де Јонг. Деко направи одлична работа. Изјавивме дека не сакаме да имаме играчи со истечен договор оваа година, но направивме исклучок за Де Јонг бидејќи ги смени агентите. Тој е мотивиран и се надеваме на добри вести во блиска иднина – изјави шефот на Каталонците во интервју за радио “RAC 1”.
Де Јонг е дел од шпанскиот клуб од 2019 година, а за тоа време одигра 263 натпревари, постигна 19 голови и забележа 23 асистенции.