
Само пет кола поминаа, Арсенал изгледа многу добро, Манчестер Сити се уште се мачи, но го има Пеп Гвардиола на клупата, Челси како да заврши со реконструкцијата и сега личи на сериозен тим… Но ако го прашате нивниот тренер Енцо Мареска кому ќе оди титулата, нема апсолутно никаква дилема – Ливерпул ќе го одбрани тронот.
Не толку поради тоа што екипата на Арне Слот е максимална по стартните пет кола, па веќе има пет бода предност пред Арсенал, Тотенхем и Борнмут. Не, затоа што уште многу има да се игра. Но начинот на кој Редс играат е тоа што прави разлика.
“Ако продолжат да играат вака мислам дека е невозможно да се стигнат. Не само за нас, туку и за сите други клубови”, е сосема искрен Мареска чиј тим веќе заостанува седум бода зад Ливерпул.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
А Ливерпул минатата сезона ја потврди титулата четири кола пред крајот, за потоа ова лето да вложи неверојатни 484.680.000 евра на засилувања како< ѕtrong>Александар Исак, Флоријан Вирц, Иго Екитиjе, Милош Керкеz или Џереми Фримпонг, да се задржиме на тие.