
Нејмар одлучи јавно да ги повика луѓето кои гласале на изборот за Златната топка во 2025 година откако Усман Дембеле беше тој кој го освои овој трофеј.
Имено, Дембеле стана првиот играч на Пари Сен-Жермен кој некогаш ја освоил оваа награда поради неговите одлични игри и освоената Лига на шампиони минатата сезона.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Французинот беше „прва виолина” на овој клуб кој минатата сезона ја освои тројната круна, а тој постигна 35 голови и додаде 16 асистенции во сите натпреварувања.
„Оваа награда ја добив благодарение на одличниот колектив. Благодарам на сите мои соиграчи.
Освен тоа, благодарам и на Барселона, клубот од моите соништа. Имав прилика и да играм со Меси, му се заблагодарувам и нему бидејќи од него многу научив”, изјави Дембеле.
Самиот Нејмар никогаш не ја освоил Златната топка и неговиот најдобар пласман беше третото место, а сега одлучи јавно да ги „пецне“ сите кои учествуваат во гласањето.
Тој на социјалните мрежи остави јасен коментар.
„Рафиња на петто место, тоа е премногу смешно”, напиша Нејмар.