Дома Фудбал Норвежанецот го прекина молкот: Халанд одговори на заканите по неговиот живот

Норвежанецот го прекина молкот: Халанд одговори на заканите по неговиот живот

Уште една извонредна игра покажа Ерлинг Хааланд против Арсенал, но сè падна во втор план по пораките што ги доби по натпреварот.

Имено, според тврдењата, Ерлинг Хааланд доби закани за смрт откако постигна гол на Емирејтс против Арсенал во натпревар што на крајот заврши без победник.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Шестиот гол оваа сезона во пет натпревари од Премиер лигата на Ерлинг Хааланд не беше доволен за тимот на Пеп Гвардиола затоа што на крајот не успеаја да постигнат победа.

По натпреварот, Хааланд имаше разговори со навивачите на теренот, но очигледно сè се пренесе и надвор од теренот.

Кратко по завршувањето на натпреварот, Норвежанецот го подари својот дрес на еден млад навивач и замина во тунелот.

Откако го напушти стадионот, објави фотографија на помала група навивачи на Арсенал кои ги навредуваа фудбалерите на Манчестер Сити додека заминуваа од Емирејтс.

Хааланд потоа постави фотографија од себе на Snapchat со порака која ги шокираше многумина.

“Сега добивам и закани за смрт”, напиша Хааланд.

Сето тоа го направи некој по име “Дара”.

“Сега биди многу повнимателен, другар, не објавувај нова фотографија на Snapchat или тоа ќе биде крај за тебе”, пишувало во пораката што ја добил Хааланд.

Неговиот одговор беше на фотографијата и се виде дека воопшто не е премногу загрижен за пораката што ја добил.

Сепак, одлучи да ја запознае јавноста со работите што се случуваат одвреме-навреме на професионалните спортисти, а особено на оние што се светски популарни.

Хааланд и порано имал многу конфликти со навивачите, но и фудбалерите на Арсенал, но никогаш тоа не одело толку далеку како сега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леташе 9.000 км и плати 1.000 евра за билет, а остана пред портите на стадионот

Додека за некои навивачи одењето на натпреварите од Премиер лигата е неделна рутина, за др…