Дома Фудбал Шок за еден од првите двајца фаворити: ЦИЕС го рангираше како седми!

Шок за еден од првите двајца фаворити: ЦИЕС го рангираше како седми!

Вечерва ќе биде познато кој ќе ја освои Златната топка. Фаворити се Усман Дембеле и Ламин Јамал.

Додека организаторите внимаваат информации да не испливаат во јавноста, дискусиите и прогнозите не запираат. Покрај интересот на јавноста, се вклучуваат и експерти, вклучувајќи го и CIES, Меѓународниот фудбалски институт со седиште во Швајцарија.

Според нивното истражување, предводник за Златната топка е Ламин Јамал, младиот талент на Барселона. Веднаш зад него се позиционира Килијан Мбапе од Реал, а трет е уште еден играч на Барселона, Педри Родригез.

По нив следат Вирџил ван Дајк од Ливерпул, па фудбалерот на Баерн, Микел Олис, и уште еден член на англискиот шампионат, Мохамед Салах.

На седмо место се наоѓа играчот на европскиот првак, Усман Дембеле кој во јавноста важи за главен фаворит со Јамал, а првите десет ги заокружуваат Џошуа Кимих (Бајерн), Ашраф Хакими (ПСЖ) и Винисијус (Реал Мадрид).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еди Хау како можен наследник на Карик во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед го разгледува Еди Хау како потенцијален идни менаџер ако клубот реши да…