Дома Фудбал Крај на една ера: Се повлекува Серхио Бускетс!

Крај на една ера: Се повлекува Серхио Бускетс!

Шпанскиот фудбалер од средниот ред, Серхио Бускетс, планира да стави крај на својата кариера по завршувањето на оваа сезона, според новинарот на “Cadena COPE”, Начо Гарсија.

Еден од најдобрите централни играчи во 21 век, пред неколку недели не даде конкретен одговор за евентуалното продолжение на кариерата кога беше прашан дали ќе го продолжи договорот со Интер Мајами.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Набрзо потоа, пристигна информацијата дека одлучил да се пензионира. Се мисли да го стори тоа по завршувањето на тековната сезона, во ноември или декември, зависно од тоа до каде ќе стигне Интер Мајами.

Ова нема да влијае на кариерата на Лионел Меси во Интер од Мајами, кој ќе потпише нов договор, јавува истиот извор.

Бускетс освои 32 трофеи со Барселона и собра 722 натпревари за каталонскиот клуб, што е трета најголема бројка во историјата на каталонскиот гигант. Исто така, одигра 143 натпревари за шпанската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета: Горд сум на моите фудбалери, но и разочаран од резултатот со Сити

Тренерот на Арсенал, Микел Артета не го криеше гордоста кон своите играчи по денешното дер…