
Париз вечерва е домаќин на церемонијата на прогласување на најдобриот играч во светот. France Football ќе ја додели Златната топка, а се чини дека победникот веќе е познат. Тоа е Ламин Јамал.
Иако добитникот на Златната топка оваа година, наградата за најдобар фудбалер во светот за минатата сезона, ни самиот не знае дека е добитник на ова престижно признание, на социјалните мрежи се појави листа која наводно го открива победникот за сезоната 2024/2025.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Тој треба да биде Ламин Јамал кој ја доби победата пред Усман Дембеле.
На листата што се нашла на социјалните мрежи, 18-годишната ѕвезда на Барселона има 805 поени, пет повеќе од Дембеле, а зад него се уште Витиниа, Рафинја, Мохамед Салах…
Оваа листа се појави откако главниот и одговорен уредник на France Football, Винсент Гарсија, јавно изјави дека само тој знае кој е добитникот на Златната топка.
Се филтрираше наводна листа на Златната топка 2025. Ламин Јамал би бил победник, Дембеле втор и Витиниа трет.
— Pablo Giralt (@giraltpablo) September 21, 2025
Мислења? pic.twitter.com/CJkXSq4MFc