Дома Фудбал Бобан Николов потпиша за нов клуб!

Бобан Николов потпиша за нов клуб!

Македонскиот фудбале Бобан Николов повторно ќе игра во Романија, откако по цели 12 години се враќа во редовите на Фарул Костанца – клубот кој е наследник на Академија Хаџи, каде што ги имаше своите први интернационални настапи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Николов доаѓа од Борац Бања Лука, а романските медиуми потсетуваат дека во минатото играше и за славната Стеауа, поради што очекувањата за неговото ново поглавје во Лига 1 се високи.

Во својата богата кариера тој остави трага во повеќе клубови: Вардар, Витроул, Видеотон, Лече, Шериф Тираспол, МОЛ Фехервар и Кишварда. За македонската репрезентација одигра 49 натпревари и постигна четири гола, а неговиот последен настап во националниот дрес беше во 2022 година, на пријателскиот дуел со Азербејџан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белгија ги победи САД во најконтроверзниот натпревар на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Белгија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенств…