Дома Фудбал Германците удрија по Нагелсман поради Сане: Ако е така, тогаш ниту Роналдо не треба да игра за Португалија!

Германците удрија по Нагелсман поради Сане: Ако е така, тогаш ниту Роналдо не треба да игра за Португалија!

Германската фудбалска репрезентација со променливи резултати го заврши септемврискиот квалификациски циклус за Светското првенство, откако по поразот од Словачка рутински победи над Северна Ирска. Но најголемо внимание во јавноста привлекува отсуството на Лерој Сане од листата на Јулијан Нагелсман.

Сане замина од Баерн Минхен кај амбициозниот Галатасарај, и така го изгуби своето место во репрезентацијата бидејќи играа во послаба лигаа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Тој настапува во првенство кое е послабо од Бундеслигата и затоа треба повеќе да се истакне. Не очекувам чуда, но сериозни бројки по кои би можел да заслужи повик. Потребно е да се докаже со голови и асистенции”, изјавил Нагелсман пред две недели, образложувајќи го списокот за натпреварите со Словачка и Северна Ирска.

Сане дебитираше за националната селекција на Германија пред помалку од десет години и досега одигра 70 натпревари. Од Европското првенство во 2016 година па се до сега, учествуваше во сите клучни натпреварувања, освен на Светското првенство во Русија, кога тогашниот селектор Јоаким Лев даде предност на Јулијан Брант.

До минатогодишното Европско првенство, учеството на Сане во репрезентацијата не беше под знак прашања, но почетокот на новите квалификации навестува дека учеството на неговото второ Светско првенство е непредвидливо, под услов Германија да се квалификува.

До повикот на Нагелсман, Сане во првите четири кола за Галатасарај запиша еден гол и една асистенција во турското првенство, што не беше доволно за да се најде на листата на селекторот, на што не се сложува Матијас Замер, поранешен спортски директор на германицата репрезентација.

“Ме изненади како Негелсман така потценувачки говори за турскиот фудбал. Секогаш сум сметал дека индивидуалниот квалитет е неопходен за репрезентацијата. Според таа логика, ни Кристијано Роналдо не би бил повикан во португалската репрезентација, бидејќи веќе не игра во врвна лига”, беше јасен Замер во интервју за “Билд”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…