
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да освои нов трофеј, откако беше поразена во финалето на ИТФ турнирот во Букурешт. По два часа и 35 минути жестока борба, Ѓорческа загуби од Австријката Лили Тагер со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 4-6).
Нашата тенисерка беше блиску до триумф, особено во решавачкиот сет, каде што двапати имаше брејк предност – најпрво со 2-0, а потоа и со 3-2. При резултат 3-3 не искористи две брејк-топки, а во десеттиот гем, кога Тагер сервираше за победа, Ѓорческа спаси три меч-топки, но четвртата беше кобна.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
За Ѓорческа ова беше трето финале во низа, по оние во Куршумлијска Бања и Собосло, што е доказ за нејзината константна форма. Иако засега останува надвор од Топ 200 на ВТА-листата, веќе утре ќе оствари ново поместување нагоре на светската ранг-листа.