Дома Фудбал Леверкузен ја шокираше Германија: Еве зошто бил сменет Тен Хаг!

Леверкузен ја шокираше Германија: Еве зошто бил сменет Тен Хаг!

Големи промени го зафатија Леверкузен во текот на летото, поставувајќи ја основата за нова ера, која претрпе силен удар откако по три натпревари во новата сезона, беше откажан договорот со Тен Хаг. Необична одлука за клуб од Бундеслигата, но причините не се само резултатските. Леверкузен изгуби од Хофенхајм, ремизираше со Вердер и загуби предност во завршницата. Дополнително, внатрешните проблеми во тимот брзо излегоа на виделина.

И пред оваа сезона, за време на подготовките во Бразил, младиот тим на Фламенго им даде пет голови. Не само новите играчи, туку и методите и пристапот на холандскиот тренер се соочија со отпор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Играчите кои останаа, како Шик, Андрих и Тел, реагираа негативно. Со Алонсо не се случуваше играчите да се расправаат за изведување пенали, како што тоа го направија Шик и Палазис. Капитенот Андрих изјави дека новите засилувања играат себично, што укажува на разлика помеѓу староседелците и новодојденците. Леверкузен регрутираше 17 нови играчи во обид да ги надомести заминувањата на Вирц, Фримпонг, Тах, Џака, Храдецки. Некои играчи беа пред заминување, но останаа до последниот ден, како Бонифајс и Инкапи, и нивното незадоволство беше присутно во тимот во август. Тен Хаг ги критикуваше играчите за детско однесување, уште од почетокот имаше напнати односи со најискусните.

Поради тоа, клубот реши пред паузата да го смени тренерот.

Спортскиот директор Ролфес објасни дека одлуката била донесена затоа што тимот не се усогласил со барањата на тренерот, и дека неколкуте лоши резултати не се пресудни. Ова е потег за иднината. Тен Хаг доби значајна отштета, по Манчестер Јунајтед и овој отказ го наплати значително. Зборуваше дека клубот го издал и дека односите не биле засновани на меѓусебна доверба.

Клубот веќе го ангажира Каспер Хјумланд, кој чекаше работа од кога ја напушти данската репрезентација минатото лето. Се враќа во клупскиот фудбал по шест години, по неговото водство во Норшеланд. Работеше во Германија претходно, кратко во Мајнц пред повеќе од десет години. Бундеслигата ја сака данската фудбалска филозофија, Мајнц имаше успех со Бо Хенриксен минатата сезона, а и Јенс Торуп направи одлична работа во Аугсбург.

За Леверкузен е неблагодарно што веќе во петок на “Баи Арена” доаѓа Ајнтрахт. “Орлите”, по продажбата на Екитиќе, покажуваат доминација. Рицу Доан од Фрајбург, купен за 20 милиони евра, игра одлично Ајнтрахт има седум голови на првите два натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалски таблоид предизвика хаос со насловната страница: „Вдовицата на Жота и неговиот најдобар пријател се…“

Насловната страница на португалскиот весник TV Guia предизвика голем скандал, а во центаро…