
На Светското првенство 2023 година на Филипините беше МВП на турнирот, а сега две години подоцна на Евробаскет просечно бележи 20,1 поени, 5,9 асистенции и 3,3 скока и е еден од кандидатите за најкорисен играч на турнирот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Само неколку месеци откако преживеа на еден ден четири пати да биде разменет, Денис Шредер како капитен ќе игра во полуфиналето на Евробаскет во кое неговата Германија е фаворит против Финска.
„Тоа е како модерно ропство. На крајот на приказната, тоа е модерно ропство. Секој може да одлучи каде одиш. Дури и кога имаш договор. Секако, заработуваме многу пари и можеме да ги прехраниме семејствата, но на крајот од денот тие само кажуваат: ‘Не се враќаш на работа утре, одиш таму’, тие го одлучуваат тоа. Мораат барем малку да го променат“, рече Шредер кога зборуваше за НБА размените, а потоа за еден ден тимот му беше променет четири пати!