
Џејми Варди направи трансфер во Кремонезе, а вчера и пристигна во Италија каде што беше претставен
На 38 години ќе игра во Серија А, нешто на што не се надеваше, но кога пристигна повикот од Кремона, веднаш покажа интерес и доби неколку убави препораки.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Какви се првичните импресии?
„Фантастично. Ми кажаа дека градот е мирен, но овие први денови беа сѐ освен тоа… Сѐ беше многу забавно, запознав многу навивачи кои ме запираа на секој чекор. Импресивно е. Од технички аспект, нема никакви проблеми – фудбалот е универзален јазик и преку топката сѐ се разбира.“
Вели дека бил љубител на Серија А уште како млад.
“Кога бев помлад, постојано ја следев Серија А на Channel Four. Ова е едно од најдобрите првенства на светот, потактичко и со повеќе посед од англиското, но играв под водството на Енцо Мареска кој има сличен стил и тоа ќе ми помогне. Раниери? Уште немам разговарано со него, но ќе го направам тоа, секогаш кажуваше убави зборови за мене”, рече Варди.
Кој му беше омилен играч од Серија А?
“Често го гледав Дел Пјеро и неговите голови. Извонреден играч”, рече тој.