Дома Фудбал Нов скандал на судијата кој беше исфрлен од фудбалот: Обвинет е за тешко кривично дело против деца – може да заврши и во затвор!

Нов скандал на судијата кој беше исфрлен од фудбалот: Обвинет е за тешко кривично дело против деца – може да заврши и во затвор!

Поранешниот судија од Премиер лигата Дејвид Кут, кој беше суспендиран по срамниот инцидент каде што навредуваше поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, а подоцна се дозна дека користел дроги и пробувал да мести натпревари, сега ќе се соочи со уште посериозни обвиненија поради ужасната акција што му се припишува.

Дејвид Кут е обвинет дека на 2 јануари 2022 година снимил компромитирачко видео со дете. Станува збор за видео кое правосудството го класифицира како „компромитирачко дете видео категорија А“.

Според понатамошните информации, категорија А значи дека станува збор за најтежок вид на прекршок кој вклучува малолетни деца кои се силувани или сексуално злоставувани од возрасни.

Кут е обвинет пред судот во Нотингем, а првото рочиште е закажано за 11 септември.

„Дејвид Кут, 43, е обвинет на 13 август оваа година по истрагата на полицијата во Нотингем, врз основа на видео кое беше пронајдено на неговиот телефон во февруари. Тој моментално се наоѓа во притвор, а на суд ќе се појави на 11 септември“, наведено е во соопштението на полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…