Дома Фудбал Навивач сакаше да се слика со Онана, па доби лакт во лице (Видео)

Навивач сакаше да се слика со Онана, па доби лакт во лице (Видео)

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, нападнал навивач кој влета на теренот по поразот на Камерун од Зеленортските Острови со 1:0 во квалификациите за Светското првенство.

Ова е лошо време за Онана, кој моментално е на работ на напуштање на Олд Трафорд за да се приклучи на Трабзонспор на позајмица до крајот на сезоната.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тој не беше во конкуренција за првите три натпревари во Премиерлигата кога Манчестер Јунајтед играше против Арсенал, Фулам и Барнли.

Наместо Онана, шансата да брани ја доби минатогодишниот втор голман, а тоа е Алтај Бајиндир.

Поранешниот голман на Ајакс и Интер од Милано падна уште пониско на хиерархијата по доаѓањето на Сен Ламенс од Ројал Антверпен за околу 25 милиони евра последниот ден од трансфер рокот.

Додека сите чекаат неговиот следен потег, Онана повторно се најде на насловните денес, а причината е вчерашниот натпревар против Зеленортските Острови.

Онана не беше добро поставен при примениот гол кој го постигна Дајлон Ливраменто, а многумина му го замеруваат тоа.

Стотици навивачи по последниот судиски свиреж одлучија да влезат на теренот за да ја прослават победата на својот национален тим.

Еден од навивачите брзо му пристапил на Онана и се обидел да се фотографира со голманот на Манчестер Јунајтед, но тоа не помина баш најдобро.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…