
Неверојатната кариера на Кристијано Роналдо продолжува да инспирира прекрасни приказни. Славниот Португалец, и во својата 40-та година, игра со врвна класа и на теренот и води битки со фудбалери на кои некогаш им бил идол. Една таква приказна објави The Sun.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред околу 16 години, осумгодишниот Доминик Собослај излезе на терен како едно од тие деца во квалификациска средба за Светското првенство 2010 помеѓу Унгарија и Португалија. На стадионот Ференц Пушкаш, тој тогаш беше само на неколку чекори од својот идол, Роналдо.
Вечерва, Собослај ќе ја предводи како капитен на Унгарија против Португалија, а на спротивната страна многу веројатно ќе стои токму Роналдо. Роналдо, кој исто така е капитен на својата репрезентација, во времето кога Собослај беше дете на теренот во 2009, имаше 24 години.
Зборувајќи за можноста конечно да игра против својот херој, Собослај изјави: “Играв со многу големи играчи, но никогаш не сум играл против него [Роналдо]. Тој ми беше идол од детството, и конечно дојде времето. Се надевам дека ќе биде позитивно искуство.”
🇭🇺 Утре Доминик Собослај повторно се сретнува со Кристијано Роналдо.
— Бенце Бочак (@BenBocsak) 8 септември 2025
Овојпат како капитен на својата земја и шампион на Премиер лигата.
📆 Враќање во 2009 кога беше само дете на теренот (стои пред Раул Меирелес). pic.twitter.com/LrEwTgn8sI