Дома Кошарка Во Денвер бесни на Пешиќ: Веќе не треба да ја води Србија!

Во Денвер бесни на Пешиќ: Веќе не треба да ја води Србија!

Кошаркарската репрезентација на Србија изненадувачки беше елиминирана од Евробаскетот, а во Денвер имаа што да кажат по тоа прашање.

Србија загуби од Финска во саботата со резултат 92:86 во осминафиналето на Евробаскетот, а во Денвер реагираа силно против селекторот Светислав Пешиќ.

Аналитичарот на Денвер Нагетс, Ерик Седум, упати остри критики кон селекторот Пешиќ, кои беа пренесени и од „Basket News“.

„Целосно сум разочаран од тренерот Пешиќ. Ова треба да биде последен пат да го гледам како ја води Србија. Имав впечаток дека е како заспан зад воланот. Не видов никакви адаптации“, изјави Седум.

Тој продолжи со своите критики.

„Не знам што правеше. Брате, имаш други играчи. Марко Гудуриќ едноставно не придонесува. Каде е Маринковиќ? Пробај нешто различно. Зошто Аврамовиќ игра само 17 минути кога Стефан Јовиќ на теренот едвај дише“ истакна Седум во подкастот „DNVR Sports“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ со сестран учинок го водеше Арис до нов европски триумф

Арис ја совлада Цедевита Олимпија со 78:73 и остана без пораз во Еврокупот. Ненад Димитриј…