
Македонската тенисерка број еден, Лина Ѓорческа, ја продолжува успешната низа – викендов во Романија стигна до својот 15. трофеј во кариерата, а со тоа се искачи високо и на ВТА листата.
Нашата најдобра тенисерка забележа скок од дури 43 места и сега се наоѓа на 239. позиција во светот. Годината ја почна како 286-та, а најдобриот ранкинг досега ѝ е 170. место, освоено во 2017 година.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
На врвот на женскиот тенис засега нема промени – лидерка е Белоруската Арина Сабаленка, а во елитното друштво се и Ига Швјонтек, Коко Гоф, Аманда Анисимова, Мира Андреева, Медисон Кис, Џесика Пегула, Јасмин Паолини, Кинвен Женг и Елена Рибакина.