Дома Фудбал Хорор сцена: Голман одбрани пенал и почина (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Хорор сцена: Голман одбрани пенал и почина (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Страшна сцена се случи на еден футсал турнир во Бразил.

Голманот, Антонио Едсон дос Сантос Соуза, колабираше и почина неколку секунди откако спречи пенал со градите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во преносот во живо се гледа како Едсон, познат по прекарот Пиксе, паѓа на теренот.

Тоа се случи во моментот кога се упати да прослави со својот соиграч.

Соиграчите и судијата веднаш повикаа медицинска помош, но обидите за оживување беа неуспешни.

Тој почина на пат кон болницата, а шокантната вест брзо се прошири низ светот.

Трагедијата се случи за време на натпревар од мал футбАл во општината Августо Кореа, во сојузната држава Пара.

Едсон го бранеше голот за тимот Синд Мотос на аматерски турнир организиран во чест на 200-годишнината од независноста на Бразил од Португалија.

Организаторите ги прекинаа сите натпреварувања, а изјава даде и Футсал федерацијата на сојузната држава Пара.

“Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Антонио Едсон дос Сантос Соуза, спортист кој својата кариера ја одбележа со посветеност, талент и тимски дух.

Неговото присуство засекогаш ќе се памети на и надвор од теренот, не само како примерен играч, туку и како извонредна личност која ги освои сите околу себе.

Во овој момент на болка, изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и целата спортска заедница.

Нека најдат утеха во убавите спомени и во фактот дека Антонио Едсон остави наследство на инспирација и љубов кон футсалот”, стои во соопштението.

Видеото кое е со вознемирувачка создржина беше објавено и на социјалните мрежи. .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гатузо делеле шлканици во репрезентацијата на Италија: Тоа не се само приказни и јас добив еден!

Италијанскиот репрезентативец Џакомо Распадори потврди дека методите на новиот селектор Џе…