Дома Останати Тенис Ѓорческа продолжува да доминира: Во Романија ќе игра и финале!

Ѓорческа продолжува да доминира: Во Романија ќе игра и финале!

Македонската тенисерка број еден, Лина Ѓорческа, блеска на турнирот во романскиот град Слобозија и избори финале со нова сигурна победа. Во полуфиналето таа ја совлада домашната претставничка Мариа Попа со 2-0 во сетови (6-1, 6-4).

Првиот сет Ѓорческа го одигра речиси без грешка, дозволувајќи ѝ на ривалката само еден гем и завршувајќи го за половина час. Вториот дел од мечот беше поизрамнет, но македонската тенисерка остана присебна и со еден пресуден брејк ја осигура конечната победа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За нова титула оваа сезона, Ѓорческа утре ќе се соочи со уште една Романка – Елена Бертеа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Двократна освојувачка на Вимблдон: Нападната бев од 65 илјади Срби поради изјава за Ѓоковиќ

Поранешната австралиска тенисерка Рене Стабс се пожали на реакциите од луѓето од Србија по…