Дома Останати Кошарка Дончиќ не се појави на химната: Морав да завршам нешто во тоалет, не можев да издржам…

Дончиќ не се појави на химната: Морав да завршам нешто во тоалет, не можев да издржам…

Кошаркарите на Словенија вчера триумфираа над Израел во последното коло од Евробаскетот со резултат 106:96, обезбедувајќи си влез во осминафиналето како трета екипа во групата „Д“. Моментот пред почетокот на натпреварот, каде што главен протагонист беше Лука Дончиќ, ја подели спортската јавност ширум светот.

Дончиќ беше на списокот од играчи пријавени за натпреварот, но за време на изведба на химните само 11 Словенци беа на теренот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ѕвездата Лејкерс се појави на теренот откако беа интонирани двете химни и неговите соиграчи веќе се поздравија со израелските кошаркари.

Дончиќ трчајќи излезе од соблекувалната на завршното двеминутно загревање пред натпреварот, а корисниците на социјалните мрежи од Израел го обвинија за антисемитизам, истакнувајќи дека намерно не сакал да ја слуша химната на Израел и да се поздрави со израелските кошаркари.

Со 37 поени, 11 скокови и 9 асистенции, Дончиќ ја поведе својата репрезентација до победата и третата позиција во групата, а по натпреварот, словенечките медиуми го прашаа зошто го пропушти изведувањето на химните и скоро задоцни на почетокот на натпреварот.

“Мораше итно да завршам нешто во тоалетот. Ако сакате точни детали, тогаш навистина не знам што да ви кажам. Не би пропуштил химна, но беше навистина итно. Неиздржливо беше да чекам до полувреме”, објасни Дончиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Познат е целиот костур на Евробаскетот: Србија ќе се соочи со пекол до крајот (Фото)

Со завршувањето на последните две натпревари во групите Ц и Д, комплетирана е целата групн…