
Најголемата легенда на боксот е подготвен уште еднаш да се врати во рингот. Мајк Тајсон најави нова борба и овој пат ќе ги вкрсти ракавиците со уште една легенда на овој спорт – Флојд Мејведер во егзибициски меч во текот на 2026 година!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За сега нема дополнителни информации за мечот, не се знае локацијата, датумот, па дури ни платформата што ќе го пренесува овој меч, но сигурно е дека ќе се случи бидејќи и самиот Тајсон го најави преку својот профил на социјалната мрежа “X” во ноќните часови.
Инаку, Мајк Тајсон неодамна се бореше и против Џејк Пол, кој го победи, но очигледно е дека сега „Железниот Мајк“ е подготвен и за нов дуел.
Фото: Принтскрин