Дома Останати Кошарка Неверојатниот Дончиќ испиша историја против Белгија: Ваков натпревар не одиграл никогаш претходно за Словенија!

Неверојатниот Дончиќ испиша историја против Белгија: Ваков натпревар не одиграл никогаш претходно за Словенија!

Кошаркарската репрезентација на Словенија ја запиша својата прва победа на Евробаскетот, откако ја совлада селекцијата на Белгија со 86:69, во третото коло од Група Д на Евробаскетот. Претходно, тимот на Александар Секулиќ беше поразен од Франција и Словачка, но овојпат избегнаа ново изненадување.

Словенците го наметнаа својот ритам од почетокот на натпреварот, додека белгиската одбрана изгледаше неподготвено и расеано, по десет минути игра резултатот беше 16:10. Брзо се истакна Лука Дончиќ кој имаше стабилна поддршка од соиграчите, што резултираше со двоцифрена предност на полувреме – 43:31. Плејмејкерот на Лејкерс веќе имаше 19 поени, шест скока и две асистенции на тој момент, навестувајќи незаборавен натпревар.

Во третиот дел, “змејчињата” успешно одбија атакот од противникот и мирно патуваа кон победата – 60:44. Четвртата четвртина беше само формалност за Словенците, а Дончиќ успеа да стигне до својот прв трил-двојка во националниот дрес. Со ова, тој стана четвртиот играч што му успеало тоа во историјата на Европските првенства.

Дончиќ натпреварот го заврши со 26 поени, 10 скока и 11 асистенции. Неговата игра ја следеше Препелиќ со 11 поени и 5 асистенции, а меѓу најефикасните Словенци беше Стергар со 9 поени. Во поразениот тим, најдобар беше Ван Влиет со 15, а Лекомте со 13 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ со објава за своите ќерки по разводот од Ана Марија (Фото)

Лука Дончиќ (27) објави на Инстаграм порака посветена на своите ќерки. Објавата доаѓа по р…