Дома Фудбал Шкендија не го повтори успехот на Вардар: Ќе продолжи во Конференциската лига

Шкендија не го повтори успехот на Вардар: Ќе продолжи во Конференциската лига

Македонскиот првак Шкендија не успеа да ја задржи минималната предност од првиот дуел со Лудогорец и со пораз од 4-1 во Разград го заврши својот настап во плејофот за Лигата на Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бугарскиот шампион започна фуриозно, па веќе во 9. минута преку Куртулус поведе со 1-0. До крајот на полувремето, Чочев ја зголеми предноста на 2-0, со што домашните ја презедоа контролата над двомечот.

Шкендија кратко ја врати надежта во второто полувреме. Тамба во 64. минута погоди за 2-1, што значеше израмнување во вкупниот резултат и обезбеди продолженија. Сепак, во екстра времето Текпетеј (98’) и Биле (122’) беа прецизни и ја потврдија убедливата победа на Лудогорец.

Со овој пораз, Шкендија не успеа да го повтори подвигот на Вардар од 2017 година, кој останува единствениот македонски клуб што играл во групната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување. Европската сезона, Шкендија ја продолжува во лигашкиот дел од Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(VIDEO) „Октоподот“ Емпаси не може се, Муњоз ја фрли Колумбија во транс!

Фудбалерите на Колумбија играат одлично на овогодишниот Мундијал. Како ПАМЕТНО да типувате…