Дома Фудбал Не е само Езе: Арсенал и Кристал Палас наскоро ќе потврдат уште еден трансфер!

Не е само Езе: Арсенал и Кристал Палас наскоро ќе потврдат уште еден трансфер!

Откако Еберечи Езе го напушти Кристал Палас за да се придружи на Арсенал, во спротивен правец се подготвува трансферот на Рис Нелсон. 

Денес англиските медиуми потврдија дека договорот е на добар пат, при што Нелсон ќе го напушти Арсенал бидејќи е јасно дека нема да добие доволно шанса за игра, а Палас за него ќе плати 17.500.000 евра.

Рис Нелсон има 25 години и може да игра на двете крилни позиции, поради што е многу флексибилен играч кој може да се прилагоди на системот на Оливер Гласнер.

Да потсетиме, во Палас доаѓа и Џереми Пино од Виљареал, што значи дека ова дуо ќе има главна улога во пополнувањето на местото што го остави Еберите Езе. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлична атмосфера во Прилеп: Трибините полни, а Победа гази на теренот (Фото)

Фудбалот повторно привлекува големо внимание во Прилеп. ГФК Победа одигра фантастичен натп…