Дома Фудбал Миовски наскоро потпишува, познати и детали од трансферот!

Миовски наскоро потпишува, познати и детали од трансферот!

Македонскиот голгетер Бојан Миовски е многу блиску до преселба во редовите на шкотскиот великан Ренџерс, објавува „Мундо Депортиво“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според пишувањата од Шпанија, клубовите веќе се договориле за отштета од околу три милиони евра, сума која со предвидени бонуси може да се искачи и до пет милиони. Миовски би требало да стави потпис на четиригодишен договор.

Напаѓачот минатото лето го напушти Абердин и премина во Џирона за 6,8 милиони фунти, но во Ла Лига не успеа целосно да се наметне – во 23 настапи запиша само четири погодоци. Токму затоа каталонците се подготвени да ја прифатат понудата и да се разделат со него.

Ренџерс, пак, итно бараат решение во нападот по разочарувачкиот старт на сезоната и тешкиот дебакл против Клуб Бриж (9-1 вкупно) во квалификациите за Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез го повика Чеферин, темата е Барселона: “Да видиш што правеле, има 500 страници”

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи ’случајот Негреира’, во кој е најгол…