Дома Фудбал Винисиус и Мбапе биле провоцирани од навивачи со – мајмунски крици

Винисиус и Мбапе биле провоцирани од навивачи со – мајмунски крици

На стадионот во Овиедо беше забележан нов скандал со расистички навреди во шпанскиот фудбал, откако ѕвездите Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор станаа мета на навивачи од трибините.

Како што пренесува „Диарио АС“, двајца гледачи упатувале мајмунски звуци кон францускиот и бразилскиот репрезентативец за време на натпреварот, што предизвика згрозување и остри реакции во спортската јавност.

Расизмот на шпанските стадиони не е нова појава, а Винисиус Жуниор и претходно повеќепати бил цел на вакви навреди, што редовно поттикнува дебата околу потребата од построги санкции против сторителите.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Швајцарија без мака славеше во Скопје (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ја отвори новата сезона во „Б“ Лигата на…