Дома Фудбал Клоп: Ако Бекер не го освоеше Вимблдон во 1985 година, денес немаше да бидам тука

Клоп: Ако Бекер не го освоеше Вимблдон во 1985 година, денес немаше да бидам тука

На свеченото доделување на наградите на „СПОРТ БИЛД“, тениската легенда Борис Бекер (57) доби признание за животно дело, а честа да одржи свечен говор му припадна на уште една икона на германскиот спорт, фудбалскиот тренер Јирген Клоп (58). Неговиот говор го расплака Бекер, пишува Bild.

Клоп, кој работи како глобален шеф за фудбал во Ред Бул по серија на успеси со Борусија Дортмунд и Ливерпул, се присети на младоста и на влијанието што триумфот на Бекер на Вимблдон го имал врз него и целата генерација. Да потсетиме, Бекер е шесткратен освојувач на Гренд слем турнири, а трипати во осумдесеттите славеше на Вимблдон.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Клоп воведе и доза на хумор, шегувајќи се за проблемите што и двајцата ги имаа во Англија, алудирајќи на престојот на Бекер во затвор поради обидот да сокрие пари и други вредности во вредност од 2.5 милиони фунти (2.89 милиони евра) во стечајната постапка со намера да избегне плаќање долгови.

„И двајцата седевме во Англија. Јас не смеев надвор, ти не можеше“, рече Клоп, предизвикувајќи смеа кај публиката.

Еден од најемотивните делови на говорот беше признанието на Клоп дека кариерата на Бекер му го променила животот. “Доколку не го освои Вимблдон во 1985 година, денес немаше да стојам овде. И тоа од две причини. Ти немаше да бидеш почестен, а јас немаше да бидам поканет. Бидејќи би работел некаде како професор по физичко образование. Мојата кариера ја должам на тебе”, искрено му се обрати Клоп.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Понуда од 50 милиони која ќе ги реши сите проблеми на Барса! Дали да ја прифатат?

Играчот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопес, би можел да го напушти клубот, бидејќи…