Дома Фудбал Ништо од Леванте и Елче: Само уште еден клуб остана како опција за Димитриевски!

Ништо од Леванте и Елче: Само уште еден клуб остана како опција за Димитриевски!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се соочува со неизвесна иднина откако Валенсија веќе не смета на неговите услуги, а преодниот рок истекува за само неколку дена.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во изминатиот период силно се поврзуваше со Леванте, дури се тврдеше дека се договорени личните услови, но трансферот пропадна поради несогласувања околу отштетата. Валенсија не ја прифати понудата за позајмица, а дополнителен проблем претставувало тоа што од клубот од „Местаља“ барале да покрива дел од платата на македонскиот голман.

Од комбинација испадна и Елче, кој веќе обезбеди нов чувар на мрежата. Така, како најреална опција за Димитриевски во моментов останува Селта Виго, но останува неизвесно дали двете страни ќе успеат да постигнат договор пред затворањето на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик доби понуда од Барселона за нов договор, веднаш им ја соопшти својата одлука

Во последно време навивачите на Барселона најмногу се прашуваа што ќе се случи со Ханси Фл…