Дома Фудбал Арсенал договори уште еден трансфер – 26 милиони евра со одложено плаќање!

Арсенал договори уште еден трансфер – 26 милиони евра со одложено плаќање!

Стоперот на Арсенал, Јакуб Киор е на пат кон Порто. Полјакот ги договори личните услови, се очекува да оди на позајмица, но со задолжителна откупна клаузула следното лето за 26.000.000 евра. 

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Овој трансфер потенцијално отвора можност за нов трансфер во Арсенал, а станува збор за- Пјеро Инкапие од Баер Леверкузен.

Леверкузен ова лето веќе остана без повеќе носители на играта, вклучувајќи ги Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг, Амин Адли, Гранит Џака и Џонатан Та, како и тренерот Чаби Алонсо. 

Што се однесува до Арсенал, Микел Артета веќе доби неколку одлични засилувања: пристигнаа – Виктор Ѓокереш, Мартин Зубименди, Кристијан Москера, Еберечи Езе, Кристијан Норгард и голманот Кепа. 

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси непријатно го изненади Баерн Минхен за Џексон

Германскиот гигант одлучи да не го откупи договорот на сенегалскиот напаѓач, кој оваа сезо…