Дома Фудбал Ал Итихад подготви богатство – ќе купува засилувања од Порто, Манчестер и Зенит

Ал Итихад подготви богатство – ќе купува засилувања од Порто, Манчестер и Зенит

Ал Итихад има сериозни планови ова лето. По освоената титула првак на Саудиска Арабија, целта е да го зајакнат тимот имајќи ја предвид силата на Ал Наср и Ал Хилал, а сакаат и да доминираат во азискиот фудбал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Заради тоа се подготвени да трошат, и тоа многу. Првиот избор и човекот кој најверојатно наскоро ќе биде во Саудиска Арабија е крилниот напаѓач на Порто, младиот Родриго Мора.

Младиот играч роден 2007 година се проценува на дури 70 милиони евра, што на Порто ќе му биде тешко да го одбие.

Не е само тоа, сакаат и фудбалерот на Зенит, Вендел, човекот кој е еден од заслужните за сите овие титули во последниве неколку години (освен минатата сезона). Тој беше и една година најдобар среден играч во руската Премиер лига.

Бразилецот е голема мета, според руските медиуми, па не е исклучено и него да го видиме во жолто-црниот дрес.

И последен, можеби и најважен, Каземиро. Поранешниот капитен на репрезентацијата на Бразил е мета на Ал Итихад одамна, во Манчестер Јунајтед ќе биде тешко да добие голем број минути, па многумина логично мислат дека ќе сака да се обиде во Саудиска Арабија каде што јачината на лигата сега веќе е на завидно ниво.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинар дозна кој е бомбата на Реал од 150 милиони евра: Бев шокиран, не можев да верувам…

Флорентино Перез е новиот претседател на Реал Мадрид. Поточно, тој останува претседател на…