
На турнирот BMW Championship во Мериленд беше виден момент кој долго ќе остане во сеќавањето на љубителите на голфот, благодарение на една мува.
Томи Флитвуд, англиски ас и 13-ти играч во светот, веќе беше на раб да промаши берди кога неговата топка се запре веднаш до дупката. Публиката веќе помисли дека ударот ќе остане без награда, но по 28 секунди топката сепак влезе внатре.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Забавениот снимок откри дека пресудниот детаљ беше мува која се најде на топката, се помести и предизвика ротација во вистинскиот момент.
Додека навивачите славеа, Флитвуд се насмевна, свесен дека инсектот можеби му го донесе највредниот удар во кариерата.
Резултатот го турна на петтото место на листата на FedEx Купот, што значи бонус од 1.45 милиони долари, покрај веќе освоените 728.750 долари од самиот турнир.
Фото: Принтскрин