Дома Фудбал Полициска акција: Приведени биле фудбалери и тренери на Кожуф и Башкими!

Полициска акција: Приведени биле фудбалери и тренери на Кожуф и Башкими!

Утрово во Гевгелија беше спроведена полициска акција на повеќе локации, насочена кон откривање на лица осомничени за местење натпревар од Втората лига меѓу Кожув и Башкими.

По иницијатива на Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство издаде наредби за претрес, при што биле обезбедени материјални докази за вмешаност на седуммина, информира „Плусинфо“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Неофицијални информации на порталот велат дека меѓу осомничените има фудбалери, тренер и луѓе од раководните структури на двата тима.

Станува збор за дуел одигран кон крајот на минатата сезона во ВМФЛ, кој го реши контроверзен гол во корист на Башкими. На тимот од Куманово тогаш му беше неопходна победа за да обезбеди место во Првата македонска фудбалска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…