Дома Фудбал Неверојатна трансформација: Фудбалерот на Баерн покажа како му изгледаат нозете пред повредата

Неверојатна трансформација: Фудбалерот на Баерн покажа како му изгледаат нозете пред повредата

Еден од најдобрите леви бекови во светот, Алфонсо Дејвис, се опоравува од сериозна повреда на коленото и нема да биде подготвен за почетокот на сезоната со Баерн.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во март годинава, Дејвис ги скрши вкрстените лигаменти на коленото и минува низ тешка фаза на заздравување, а на терените се очекува да се врати во почетокот на октомври.

24-годишниот Канаѓанец постојано работи на своето заздравување и засилување на нозете, како што покажуваат фотографиите кои денеска се појавија во јавноста.

Со фотографиите на неговите нозе, јасно се гледа колку ги засилил до сега и колку импресивно изгледаат.

Дејвис последно играше за Баерн на 15 март против Унион Берлин, кога тимот од Баварија заврши во нерешено 1:1. Минатата сезона одигра вкупно 31 натпревар за Баварците, успеа да постигне три погодоци и да запише четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уапсен Рахим Стерлинг, возел дрогиран!

Рахим Стерлинг беше уапсен вчера под сомнение дека возел под влијание на дроги. Зошто проб…