Дома Фудбал Во Белград имало тепачка: „Делии“ со палки претепале неколку навивач на Лех (Видео)

Во Белград имало тепачка: „Делии“ со палки претепале неколку навивач на Лех (Видео)

Пред и по реванш-натпреварот помеѓу Црвена звезда и Лех се случиле неколку инциденти. На видеа се гледа како делии вооружени со палки тргнуваат кон возила на полските хулигани.

Црвена звезда го обезбеди својот настап во плејофот за Лигата на шампионите откако го елиминира Лех од Познањ со вкупен резултат 4-2. Првиот натпревар во Полска заврши со 3-1 во корист на белградскиот тим, додека реваншот заврши 1-1. Сепак, натпреварот не можеше да мине без хулигански инциденти пред и после играта, поради кои полицијата мораше да интервенира за да спречи поголема ескалација на насилството.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според српските медиуми, хулиганите на Лех влегоа во градот пред натпреварот и почнаа да предизвикуваат хаос, па Делии им возвратија по неговото завршување. На снимките што кружат по социјалните мрежи се гледаат маскирани навивчите на Звезда кои со палки бркаат комбе полно со полски навивачи и други возила со полски регистарски таблички. Тие успеаја да ги запрат и започна тепачка во која Полјаците поминаа полошо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Кансело му доаѓа крајот во Барселона и веќе се нуди на нов клуб

Жоао Кансело зимава пристигна како неочекувано засилување за Барселона, но иако игра доста…