Дома Останати Кошарка Шок во Словенија пред Европското првенство: Еден од најважните кошаркари ја напуштил репрезентацијата.

Шок во Словенија пред Европското првенство: Еден од најважните кошаркари ја напуштил репрезентацијата.

Кошаркарската репрезентација на Словенија е повторно соочена со проблеми пред Евробаскетот. По надминувањето на потешкотиите со недоаѓањето на Влатко Чанцар на подготовките, се појавија нови, кои сега вклучуваат и Зоран Драгиќ.

Искуствениот 36-годишен Драгиќ претходно најави дека по Евробаскетот ќе ја заврши својата репрезентативна кариера, но тој нема да настапи на натпреварувањето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Селекторот на Словенија, Александер Секулиќ, објави нов список од 14 играчи на кои смета за Евробаскетот, а на него го нема името на Драгиќ.

“По неделниот натпревар, се соочивме со најтешкиот предизвик – намалувањето на бројот на играчи. Овој пат беше уште потешко, бидејќи се збогувавме не само со Жига Данеу, туку и со Зоран Драгиќ, кој години наназад беше важен дел од репрезентацијата и придонесе за нејзините најголеми успеси. Им благодарам на нивната посветеност и професионалност,” изјави Секулиќ.

Драгиќ се уште не се огласил, но неговата сопруга Светлана објасни дека Зоран самиот ја напуштил репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Откриено што точно ѝ пресуди на врската на Лука Дончиќ и Анамарија Голтес

Лука Дончиќ и Анамарија Голтес моментално водат жестока судска битка за старателство над д…