Дома Фудбал Италија Претседателот на Беневенто: За поразите виновна е ВЕШТЕРКАТА!

Претседателот на Беневенто: За поразите виновна е ВЕШТЕРКАТА!

Претседателот на италијанскиот прволигаш Беневенто даде интересна изјава за медиумите.

Овој симпатичен клуб од Италија ги руши сите негативни рекорди на 12 натпревари во Серија А, забелжија исто толку порази, но претседателот на овој клуб Оресте Видорито има поинакво гледиште на целата ситуација.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Беневенто во новата сезона постигна само пет погодоци и прими дури 31.

„Добиваме пофалби од сите страни, но сепак остануваме без бодови. Сето тоа се случува поради лошите надворешни влијание кои се поврзани со овој град…Вештерката. Да, тоа е вистина. Суеверен сум“, изјави Видорито.

Иако на сите им е јасно дека Беневенто ќе испадне од лигата, претседателот има поинакво мислење.

„Една работа е сигурна, ќе останеме во Серија А, ние не се предаваме“, изјави Видорито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Moдриќ викендов може да се израмни со Андрес Иниеста

Капитенот на Реал Мадрид и хрватската репрезентација, Лука Модриќ, во недела може да изедн…