Дома Фудбал Огромен скок: Шкендија напредуваше за 312 позиции на листата најдобри клубови во светот!

Огромен скок: Шкендија напредуваше за 312 позиции на листата најдобри клубови во светот!

Шкендија од Тетово со одличните настапи на европската сцена направи голем скок на светската ранг-листа на најуспешни клубови што ја составува Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

Ако во претходното рангирање беа на 593. место, сега се искачија за повеќе од 300 позиции и го заземаат 281. место во конкуренција со најдобрите екипи во светот.

На врвот нема промени – Реал Мадрид останува број еден. Зад него, европскиот шампион ПСЖ го презеде второто место, додека светскиот првак Челзи е трет. Потоа следуваат Интер, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Арсенал, Атлетико Мадрид и Ливерпул. Единаесеттото место му припаѓа на најдобриот неевропски клуб – бразилскиот Фламенго.

Во регионот, највисоко котира Олимпијакос на 55. позиција, пред Црвена звезда од Србија на 74. и Динамо Загреб на 88. место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камавинга откри што му недостасува за да биде стартер во Реал Мадрид

Едуардо Камавинга искрено говореше за тоа што треба да подобри за да добива поголема минут…