Дома Фудбал Уште еден клуб во регионот во игра за потписот на Ангеловски!

Уште еден клуб во регионот во игра за потписот на Ангеловски!

Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, по шпекулациите дека би можел да ја преземе косовска Приштина, сега се поврзува и со уште една тренерска позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува босанскиот портал „klix.ba“, Ангеловски е меѓу кандидатите за нов шеф на стручниот штаб на Сарајево, по заминувањето на Зоран Зекиќ од оваа функција.

Спортскиот директор на Сарајево, Крсте Велковски, веќе ги доведе Стефан Ристовски и Агон Елези, а во случај Ангеловски да седне на клупата, тој ќе стане четвртиот Македонец во клубот.

„Максимално сме ангажирани во процесот за пронаоѓање на најдоброто решение за нов тренер на Сарајево. Ги разбирам навивачите кои се нетрпеливи, но уште не сме донеле одлука“, изјави Велковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер не завршува со Џонс како засилување, сакаат и крило на Арсенал!

Интер има за цел да остане на самото врв на Италија, но и напад на Лигата на шампионите, и…