
Денеска започнува новата фудбалска сезона во Првата македонска лига, а уште на старт не очекуваат возбудливи дерби-средби.
Првенството ќе го отвори актуелниот шампион Шкендија, кој од 17 часот на свој терен во Тетово ќе го пречека вицешампионот Шкупи. Вечерната програма, пак, ни носи вистински фудбалски класик, судир меѓу Вардар и Пелистер, кој ќе се игра од 20 часот на Градскиот стадион во Скопје.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Утрешниот ден нуди две пресметки во терминот од 17:30 часо и во Куманово ќе се соочат двата нови прволигаши, Башкими и Арсими, додека Струга Трим-Љум ќе ја угости екипата на Македонија ЃП.
Во недела, љубителите на фудбалот во Кавадарци ќе можат да го проследат дуелот меѓу Тиквеш и Работнички, а првото коло ќе се заокружи во понеделник во Кратово, каде Силекс ќе го пречека Брера.
Оваа сезона носи и голема новина, ВАР технологијата конечно ќе стане дел од македонскиот фудбал, придружувајќи се на трендот што одамна владее во елитните европски лиги.
Шкендија, како бранител на титулата, ќе има дополнителен предизвик со оглед на тоа што есенскиот дел ќе го мине борејќи се на два фронта – домашниот шампионат и европските настапи. Вардар, од своја страна, гледа шанса да се врати на тронот, искористувајќи го напорниот распоред на конкурентот.
Посебна драма ќе донесе борбата за опстанок. Со оглед на тоа што од следната сезона лигата ќе биде скратена, оваа година дури три екипи директно ќе испаѓаат, а уште две ќе играат бараж. Тоа гарантира жестока битка до последното кол, едни ќе се стремат кон европска сцена, други ќе се обидат по секоја цена да останат во елитата.
За првпат, сите натпревари од ПМФЛ ќе бидат емитувани во живо, а телевизиските права ги обезбедија МТВ и Арена Спорт.
петок
Шкендија – Шкупи 17:00
Вардар – Пелистер 20:00
сабота
Башкими – Арсими 17:30
Струга – Македонија ЃП 17:30
недела
Тиквеш – Работнички 17:30
понеделник
Силекс – Брера 17:30