
Најскапото засилување во историјата на Манчестер Сити, играчот од средниот ред Џек Грилиш (29), кој тренерот Пеп Гвардиола го остави на клупата за резерви, може да ја оживее кариерата во Евертон, објавија британските медиуми.
Тренерот на Карамелите Дејвид Мојс многу го почитува Грилиш и би сакал да го има во својот тим. Поради тоа, претставниците на Евертон стапиле во контакт со Граѓаните. Евертон, кој оваа година се пресели на нов стадион вреден 900 милиони евра, би сакал да го откупи договорот на Грилиш ако цената е прифатлива. Но, во игра е и едногодишна позајмица како можност.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Грилиш ангажира личен тренер и сака да се врати во англиската репрезентација, но тоа не е возможно додека Гвардиола е на кормилото на Сити. Заради тоа, Грилиш се надева на промена на средината.
Еден од најдобрите англиски дриблери пристигна во Манчестер Сити пред четири години од Астон Вила во трансфер вреден 117 милиони евра. Договорот со Сити му истекува во јуни 2027 година, а годишно заработува дури 18 милиони евра. Во Граѓаните само норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд има поголема плата од него.
Грилиш од стандардниот првотимец на Сити стана играч од клупата, па минатата сезона во Премиер лигата само еднаш беше во почетниот состав. За англиската репрезентација има одиграно 39 натпревари, при што постигнал четири гола и осум асистенции.