Дома Фудбал „Непосакуваното засилување“ синоќа дебитираше за Арсенал и ги воодушеви навивачите за само 13 минути

„Непосакуваното засилување“ синоќа дебитираше за Арсенал и ги воодушеви навивачите за само 13 минути

Синоќа во дресот на Арсенал дебитираше уште еден нов фудбалер, а станува збор за Нони Мадуеке кој дојде на Емирати од Челси.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Топчиите уживаа во првите настапи на сите засилувања кои пристигнаа во клубот, но нивниот тим на крајот беше победен од Виљареал.

На теренот се најдоа Мадуеке, Виктор Ѓокереш, Мартин Зубименди, Кристијан Москера, Кристијан Норгаард и Кепа Аризабалага.

Норгард успеа да постигне еден гол во поразот на Арсенал со 3:2, а вториот гол го постигна Одегард од белата точка.

Мадуеке е последното засилување кое доби шанса да заигра вчера, а во Арсенал дојде за преку 50 милиони евра.

Англичанецот одигра 13 минути и влезе на теренот наместо Габриел Мартинели, при што даде многу добра партија.

Неговото доаѓање на Емирати беше проследено со бројни негодувања од страна на навивачите на Арсенал, кои сметаа дека тоа е “фрлање на пари”.

Но, по само 13 минути многу навивачи на Арсенал беа импресионирани и сметаат дека тој може да понуди многу повеќе од Мартинели.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Правилата се јасни: Еве зошто Баерн вчера не доби пенал

По натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Баерн и Пари Сен Жермен, полем…