Дома Фудбал Навивач на Шкендија правел тензии низ Скопје – полицијата го уапсила!

Навивач на Шкендија правел тензии низ Скопје – полицијата го уапсила!

Навивач на фудбалскиот клуб Шкендија бил приведен од страна на Министерството за внатрешни работи поради предизвикување тензии во Скопје пред одигрувањето на квалификацискиот натпревар за Лигата на шампионите помеѓу Шкендија и Карабах.

Според информациите од МВР, лицето се движело низ градот со мотоцикл и при тоа истакнувал симбол што поттикнува национална, верска и расна нетрпеливост. Поради тоа, полициски службеници интервенирале и го привеле на лице место.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(37) од Сојузна Република Германија поради сомнение за сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик. На мотоциклот со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал, имал истакнато симбол што предизвикува национална верска и расна омраза и нетрпеливост. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Душан Тадиќ го избра новиот клуб и ги разочара Србите!

Душан Тадиќ на крајот се одлучи за Обединетите Арапски Емирати! Како што пренесоа бројни и…