Дома Фудбал Грилиш се сели во Ливерпул?!

Грилиш се сели во Ливерпул?!

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Џек Грилиш, повеќе не е во прв план кај менаџерот Пеп Гвардиола и се подготвува „плодна почва“ за тој летово да го напушти тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Евертон се обратил до Сити за можен трансфер на Грилиш, открива „ESPN“ од извори блиски до клубовите.

Разговорите меѓу двата тима се во тек, Евертон предложил едногодишна позајмица, а потоа откуп, додека Сити преферира директен трансфер веднаш, но не ја исклучува и можноста за привремено решение.

Грилиш, кого Сити го купи за 100.000.000 фунти кога во 2021 година пристигна од Астон Вила, има уште две години од договорот на „Етихад“.

Овој 29-годишен фудбалер е изоставен од тимот за Светското клупско првенство, откако му беше кажано дека следната сезона ќе му биде тешко да добива шанси за играње.

Минатата недела повторно тренираше со првиот тим и беше дел од групата што учествуваше на отворениот тренинг за медиуми, но тоа не го промени неговиот статус.

Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, неодамна изрази големо незадоволство од направеното во преодниот рок, беше прилично остар кон раководството на клубот, а тие очигледно го сфатија сериозно и започнаа да му обезбедат големо засилување во ликот на Грилиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Колумбиски репрезентативец пристигна во Јувентус

Одбранбениот играч на Болоња, Џон Лукуми пристигна во Торино за да ги заврши медицинските …