Мохамед Салах ова лето пристигна во Ливерпул и за брзо време прерасна во клучна фигура во тимот од „Енфилд“.
Сепак, доколку им се верува на шпанските медиуми 25-годишниот напаѓач после само четири месеци би можел да го напушти Ливерпул. Имено, „Ел гол дигитал“ објави дека сериозен интерес за Египќанецот покажува Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Салах во летниот преоден рок од Рома се пресели на „Енфилд“, а Ливерпул за неговите услуги издвои 40 милиони евра. Сезонава Салах има постигнато 12 гола на 16 одиграни натпревари во црвениот дрес.
Според истиот извор, Диего Симеоне, тренерот на Атлетико, бил воодушевен од квалитетите на Салах поради што бил подготвен во јануарскиот преоден рок да издвои 55 милиони евра.