Дома Фудбал Шкендија сака нов историски успех – вечер го пречекува Карабах

Шкендија сака нов историски успех – вечер го пречекува Карабах

Македонскиот шампион Шкендија вечерва го започнува својот настап во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, со меч кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Противник ќе биде силниот тим на Карабах од Азербејџан, а ова ќе биде втор пат Шкендија да се сретне со екипа од оваа земја.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тетовскиот клуб досега е непоразен во европските квалификации ова лето – има три победи и едно реми на четири одиграни средби. Со тоа Шкендија веќе си обезбеди место барем во групната фаза на Конференциската лига.

Но амбициите на клубот се уште поголеми – евентуална победа против Карабах би значела нов чекор кон историјата и пласман во плејофот за Лигата на шампионите.

Фото: KF Shkëndija

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид бара одземање титули на Барселона и исклучување од УЕФА!

Реал Мадрид од Европската фудбалска федерација (УЕФА) бара одземање на трофеите поради слу…