Дома Останати Кошарка Играше во НБА-лигата, заработи над 100 милиони евра, а сега се наоѓа пред – банкрот

Играше во НБА-лигата, заработи над 100 милиони евра, а сега се наоѓа пред – банкрот

Тревор Ариза, поранешен кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и ветеран со дури 18 сезони во НБА, и покрај тоа што во текот на кариерата заработил над 100 милиони евра, денес се соочува со сериозна финансиска криза и е на чекор од прогласување личен банкрот.

Како што објави реномираниот спортски медиум „Спортс Илустрејтед“, Ариза побарал судско намалување на алиментацијата што ја плаќа за своите деца од 2023 година, повикувајќи се на влошена финансиска состојба и недостиг на стабилен приход.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Се обидов да најдам работа и да обезбедам редовен приход, но до сега не успеав да најдам ништо постојано“, изјави Ариза во едно неодамнешно интервју, истакнувајќи ја тежината на преминот од професионален спорт во секојдневниот живот.

Во текот на својата богата кошаркарска кариера, Ариза настапуваше за неколку НБА тимови, вклучувајќи ги Њујорк Никс, Орландо Меџик, Хјустон Рокетс, Њу Орлеанс Хорнетс, Вашингтон Визардс, Сакраменто Кингс, како и најпознатата етапа со Лејкерси, каде што освои шампионска титула.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Трибините ќе бидат полни, но мечот меѓу Македонија и Романија ќе може да се гледа и на ТВ

Македонската кошаркарска репрезентација денеска го започнува својот настап во претквалифик…